„Цркви 2024“ е уникатна колекција на 12 фотографии избрани од Стојан Стојановски.
Овој календар ви нуди можност да уживате во прекрасни фотографии од различни локации во Охрид и Македонија, прикажани низ сите годишни времиња.
Што добивате?
- 12 висококвалитетни фотографии со димензии 30×34 см.
- Можност секоја фотографија да ја поставите во рамка по завршувањето на месецот.
- Совршен подарок за љубителите на уметноста и природата.
Донесете дел од магијата на Охрид и Македонија во вашиот дом или подарете ја оваа уникатна колекција на пријателите и семејството.
Локации на фотографиите во календарот „Цркви 2024“
Фотографиите во календарот ги прикажуваат следните знаменитости:
- Св. Јован Канео – Охрид
- Св. Богородица Перивлепта – Охрид
- Св. Софија – Охрид
- Манастир Св. Наум – Охрид
- Св. Климент – Плаошник – Охрид
- Манастир Св. Јован Бигорски – Дебар
- Манастир Св. Богородица Пречиста – Кичево
- Манастир Св. Јован Претеча – Село Слепче
- Манастир Свети Ѓорѓи – Кнежино, Кичево
- Св. Богородица – Ѓавато
- Манастир Св. Меркуриј – Село Барешани, Битола
- Црква Св. Архангел Михаил – Варош, Прилеп
Секоја фотографија го доловува духот и убавината на овие свети места, овековечени низ објективот на Стојан Стојановски.
Пример за урамена фотографија од календар во Рамка