Прескокни до содржина
MK EN
Валута: MKD EUR USD
653 достапни фотографии
653 достапни фотографии
0

ЧПП

Како да нарачам?

Изберете фотографија, димензија и опции (материјал, рамка). Додадете во корпа и завршете ја наплатата. Ќе добиете е-пошта со потврда. Ако ви треба димензија што ја нема во листата, користете „по избор“ на страницата на производот.

Кои начини на плаќање ги прифаќате?

Достапните начини се прикажани на наплатата. Во Македонија обично нудиме банкарски трансфер / уплатница и плаќање при достава. Картичка или друг онлајн метод се користи само ако е вклучен во моментот на нарачката. Податоци за картичка не се чуваат кај нас.

Во која валута се цените?

Цените ги гледате во денари (MKD) или евра (EUR), според прекинувачот на страницата. Банката може да наплати провизија ако плаќате од друга валута.

Каде се печатат нарачките?

Не само во Охрид. Нарачките од странство, ако немаат дополнителни барања, обично се печатат во странство. Нарачките во Македонија се печатат локално - имаме тројца соработници за печат во земјава, според материјалот и барањата. Галеријата во Охрид е продажно место и контакт, не единствената печатница.

Дали доставувате низ целиот свет?

Да. Доставуваме во Македонија и во странство - Европа, САД, Австралија и други земји. Детали се на страницата Достава.

Колку трае изработката и доставата?

Принтот се прави по нарачка. Изработката обично е 2-5 работни дена. Во Македонија доставата потоа е уште 1-3 работни дена. Во странство обично 7-14 работни дена по изработката, плус царина каде што има.

Дали доставата во Македонија е бесплатна?

Да, низ Македонија е бесплатна, освен ако на наплата не пишува поинаку. Подигнувањето, кога е достапно, исто е бесплатно. Меѓународната достава се наплатува според прикажаното при нарачката.

Како да ја следам пратката?

Кога пратката ќе тргне, ако доставувачот дава број за следење, ќе ви го испратиме на е-пошта. Ако го немате, пишете ни на print@stojanstojanovski.com со бројот на нарачката.

Може ли да ја сменам или откажам нарачката?

Да, пред да започне изработката. Пишете што побрзо. Откако ќе почне печатењето, измената е можна само ако ние се согласиме, бидејќи принтот се прави специјално за вас.

Што ако принтот пристигне оштетен?

Замена нудиме само ако производот е оштетен при изработка или при достава. Во рок од 48 часа од приемот пратете фотографии од оштетувањето и амбалажата на print@stojanstojanovski.com. Не нудиме враќање затоа што сте се предомислиле.

Дали боите ќе бидат исти како на екранот?

Не гарантираме идентични бои. Секое око, монитор и осветлување гледа малку поинаку. Се трудиме отпечатокот да биде максимално блиску до фотографијата - и каде што е можно, уште подобро од она што го гледате на екранот.

Дали ги купувам и правата на фотографијата?

Не. Купувате физички принт за дома или подарок. Авторските права остануваат кај Стојан Стојановски. Не смее да се копира, препродава или повторно печати без дозвола.