Прескокни до содржина
MK EN
Валута: MKD EUR USD
653 достапни фотографии
653 достапни фотографии
0

Достава

Секој принт се изработува по нарачка. Овде е напишано каде се печати, како работи испораката низ целиот свет, подигнувањето и што правиме ако пратката пристигне оштетена.

Каде се печати

Принтовите не се прават само во галеријата во Охрид. Печатењето зависи од тоа каде ја испраќаме нарачката и дали има посебни барања (рамка, нестандардна димензија, итно и сл.).

  • Странство. Нарачките од странство, ако немаат дополнителни барања, обично се печатат во странство - така пратката е поблиску до вас.
  • Македонија. Нарачките во земјава се печатат локално кај соработници. Имаме тројца соработници за печат во Македонија, според материјалот и барањата.

Галеријата во Охрид е продажно место каде можете да видите работи и да се јавите - не е единственото место каде што се печатат и се примаат нарачките.

Достава низ целиот свет

Испорачуваме во Македонија и во странство - Европа, САД, Австралија и други земји.

Испорака во Македонија

Доставата низ Македонија е бесплатна, освен ако на наплата не е поинаку наведено.

По потврдена нарачка започнува изработката. Печатењето и подготовката обично траат 2-5 работни дена. Потоа пратката патува уште 1-3 работни дена, најчесто преку Македонска пошта или друг доставувач.

Потврдата ја добивате на е-пошта. Ако има број за следење, ќе ви го испратиме кога пратката ќе тргне.

Подигнување

Подигнувањето е бесплатно кога таа опција е достапна на наплата и се договара со нас. Ќе ве известиме кога нарачката е спремна. Подигнувањето не значи дека сè се печати само во Охрид - спремната нарачка може да дојде од локален соработник.

Меѓународна достава

Нарачките за странство, ако немаат дополнителни барања, обично се печатат во странство. Ако има посебни барања, изработката може да биде во Македонија, а потоа пратката да патува до вас - на пример преку DHL.

По изработката, меѓународната пратка обично пристигнува за 7-14 работни дена, во зависност од земјата, царината и доставувачот.

  • Царина, ДДВ и локални давачки, ако ги има, ги сноси примачот.
  • Плаќање при достава не важи за нарачки надвор од Македонија.

Рокови

Наведените рокови се ориентир во работни дена. Саботи, недели и државни празници не се бројат. Ако последниот ден падне во неработен ден, рокот се пренесува на следниот работен ден.

Замена - само ако производот е оштетен

Бидејќи секој принт се прави специјално за вас, не нудиме враќање или замена затоа што сте се предомислиле, ниту поради друг избор на димензија, рамка или материјал.

Замена нудиме само ако производот е оштетен при изработка или при достава - на пример кинење, свиткување, дамка или амбалажа што го оштетила принтот.

Ако се случи тоа:

  1. Прегледајте ја пратката при прием.
  2. Во рок од 48 часа од приемот пишете ни на print@stojanstojanovski.com.
  3. Пратете јасни фотографии од оштетувањето, амбалажата и целата пратка.
  4. Ако рекламацијата е основана, ќе изработиме замена или ќе понудиме решение, без дополнителен трошок за вас.

Бои

Не гарантираме дека боите на екранот ќе бидат идентични со отпечатокот. Секое око, секој монитор и секое осветлување гледа малку поинаку.

Се трудиме отпечатокот да биде максимално блиску до фотографијата што ја гледате - и таму каде што е можно, уште подобро: чист, богат и подготвен за ѕид.

Контакт

Прашања за нарачка или пратка: print@stojanstojanovski.com