Прескокни до содржина
MK EN
Валута: MKD EUR USD
653 достапни фотографии
653 достапни фотографии
0

Услови и правила

Овие услови важат за онлајн продавницата Online Shop - Stojan Stojanovski 2S (shop.stojanstojanovski.com), во сопственост и управувана од Стојан Стојановски, Охрид, Македонија.

Со користење на страницата или со нарачка се согласувате со овие услови и со Политиката за приватност. Ако не се согласувате, не ја користете страницата и не нарачувајте.

1. Производи

Продаваме фотографии отпечатени по нарачка - најчесто на канвас (платно) и фото-принт, како и сродни производи прикажани во продавницата. Секој примерок се изработува откако ќе ја потврдиме нарачката.

Фотографиите, мокапите и цените се за ориентација. Ретко може да има грешка во приказ; го задржуваме правото да ја поправиме пред изработка, со известување до вас.

2. Нарачка и плаќање

Нарачката е понуда за купување. Договорот настанува кога ќе ја потврдиме нарачката (обично со е-пошта) и, каде што се бара однапред, кога ќе ја примиме уплатата.

На наплата се прикажуваат достапните начини на плаќање - на пример уплатница / банкарски трансфер и плаќање при достава за нарачки во Македонија. Картичките и другите онлајн методи се користат само ако се вклучени во моментот на нарачката.

Цените се прикажани во избраната валута (МКД или EUR). Промена на цена по потврдена нарачка не се применува на таа нарачка.

Може да ја откажете, дополните или поправите нарачката само пред да започне изработката. Потоа измената е можна само ако ние се согласиме, бидејќи принтот веќе се прави за вас.

3. Печатење, изработка и достава

Рокот за изработка почнува по потврда на нарачката и, каде што важи, по примена уплата. Ориентирните рокови се на страницата Достава.

Печатењето не се прави само во галеријата во Охрид. Зависно од каде е нарачката и од барањата, принтот се изработува кај соработници:

- Нарачки од странство - ако нема дополнителни барања, обично се печатат во странство, поблиску до адресата за достава.
- Нарачки во Македонија - се печатат локално. Имаме тројца соработници за печат во Македонија, според материјалот и барањата.

Галеријата во Охрид е продажно место и контакт - не е единственото место каде што се печатат и се примаат нарачките.

Доставуваме низ целиот свет - Македонија, Европа, САД, Австралија и други земји. Подигнување е можно кога е понудено на наплата. За меѓународни пратки, царина и локални давачки ги сноси примачот.

Ако задоцниме со испорака повеќе од 5 работни дена од договорениот рок, имате право да ја откажете нарачката и да побарате враќање на уплатеното, ако изработката сè уште не е завршена или пратката не е предадена на доставувач.

4. Замена - само при оштетен производ

Принтовите се изработки по мерка. Не нудиме враќање или замена поради предомислување, ниту поради друг избор на димензија, рамка, материјал или кроп.

Замена нудиме само ако производот е оштетен при изработка или при достава.

При прием прегледајте го производот. Видливи оштетувања пријавете ги во рок од 48 часа на print@stojanstojanovski.com, со јасни фотографии од производот и амбалажата. Основана рекламација решаваме со замена или друго справедливо решение, без дополнителен трошок за вас.

5. Бои, кроп и изглед

Не гарантираме дека боите на екранот ќе бидат идентични со отпечатокот. Секое око гледа малку поинаку; мониторот, телефонот и светлината во просторијата исто така влијаат.

Се трудиме отпечатокот да биде максимално блиску до фотографијата на страницата - и каде што е можно, уште подобро од прегледот на екранот.

Разликата во боја поради екран или осветлување не е недостаток. Кропот може да се промени според избраната димензија и ориентација. На принтот може да има мало лого на авторот, лево или десно, како што е наведено кај производот.

6. Авторски права

Сите фотографии и содржини на страницата се заштитени. Ги поседува Стојан Стојановски, освен ако не е поинаку означено.

Со купување добивате физички отпечаток за лична употреба - не ги купувате авторските права, дигиталната датотека, ниту право на размножување, препродажба или комерцијална употреба. Скенирање, фотографирање за репродукција или печатење на нови примероци без писмена дозвола не е дозволено.

7. Одговорност

Се трудиме страницата и информациите да бидат точни. Не одговараме за штета поради краткотраен прекин, грешка на доставувач, царина или фактори надвор од наша контрола. Одговорноста за производ е ограничена на цената на нарачката или на замена на оштетениот примерок, освен каде законот задолжително бара повеќе.

8. Измени

Можеме да ги ажурираме овие услови. Новата верзија важи од објавувањето на оваа страница. За веќе потврдени нарачки важат условите во моментот на нарачката.

9. Применливо право

Овие услови и споровите во врска со продавницата се уредуваат според правото на Република Македонија. Надлежен е надлежниот суд во Охрид, освен ако задолжителен закон не предвидува поинаку за потрошувачи.

10. Контакт

Стојан Стојановски · Online Shop - Stojan Stojanovski 2S
Е-пошта: print@stojanstojanovski.com