„Цркви 2026“ е уникатна колекција на 12 фотографии избрани од Стојан Стојановски.
Овој календар ви нуди можност да уживате во прекрасни фотографии од различни локации во Охрид и Македонија, прикажани низ сите годишни времиња.
Што добивате?
- 12 висококвалитетни фотографии со димензии 30×34 см.
- Можност секоја фотографија да ја поставите во рамка по завршувањето на месецот.
- Совршен подарок за љубителите на уметноста и природата.
Донесете дел од магијата на Охрид и Македонија во вашиот дом или подарете ја оваа уникатна колекција на пријателите и семејството.
Локации на фотографиите во календарот „Цркви 2026“
Фотографиите во календарот ги прикажуваат следните знаменитости:
- Крст во Лешани – Дебрца
- Св. Спас – с. Лакочереј – Охридско
- Преображение – с. Гопеш – Битолско
- Св. Јован Бигорски – Дебар – Марово
- Св. Јован Канео – Охрид
- Св. Еразмо – Охрид
- Св. Архангел Михаил – Радожда
- Св. Богородица Пречиста – Кичево
- Св. Ѓорѓи – Рајчица – Дебар
- Св. Илија – Крклино – Битолско
- Св. Наум – Охрид
- Св. Богородица Пречиста – зимска – Кичево
Секоја фотографија го доловува духот и убавината на овие свети места, овековечени низ објективот на Стојан Стојановски.

Пример за урамена фотографија од календар во Рамка

